Објавено на:

ДОЈДОА ДО РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА НЕТАНЈАХУ: Илјадници Израелци маршираа по автопат кон Ерусалим

t

Илјадници Израелци кои со марш бараат ослободување на заложниците од Газа денеска стигнаа во Ерусалим, додека преговарачите се подготвуваат за продолжување на преговорите во Каиро, кои би вклучиле договор за размена на заложници и заробеници со Хамас.

Колона демонстранти, предводени од семејствата на заложниците киднапирани од милитантите за време на смртоносниот напад на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, пристигнаа по автопат до Ерусалим.

Носејќи израелски знамиња, жолти балони и транспаренти со лицата на заложниците, тие го завршија четиридневниот марш што почна на едно од местата на октомврискиот напад, а им се придружија и други демонстранти на собирот пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Маршираме за да им дадеме поддршка на семејствата на киднапираните, со желба тие наскоро да бидат ослободени и да бидат безбедни. Се молиме за нив со секој наш чекор – изјави Дени Куперман, еден од демонстрантите.

Мировните преговори за Газа треба да продолжат утре во Каиро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…

Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…

Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Полски аплинист падна во недостапен предел на…

Голема спасувачка операција започна денес откако полски…

Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…

Италија со нов систем за пресметка на…

Возачите што патуваат низ Италија би можеле…