„Дојче Веле”: Клиничкиот центар уште 6 месеци на „апарати за дишење“
По хаваријата на Клиничкиот центар, за замена на опремата и инсталациите на централната компресорска станица се потребни 455.000 евра, средства кои делумно ќе бидат финансирани од универзитетските клиники.
Нема надежи дека во скоро време ќе се најде решение за хаосот којшто се случи на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, откако надвор од употреба беше ставена дотраената компресорска станица, што доведе до одложување на операциите и ги стави пациентите во небрано.
Оперативен план за изградба на нова компресорска станица има – но тој предвидува дека дури за 6 месеци би можеле работите да тргнат од мртва точка. Дотогаш пациентите ќе треба да се снаоѓаат како знаат и умеат, до оглед на тоа дека и другите две алтернативни болници веќе се преоптоварени со пациенти на кои им се неопходни итни операции.
План и финансиска конструкција
Владата во четвртокот (13.06) го разгледа оперативниот план за изградба на нова компресорска станица во Клиничкиот центар, подготвен од Службата за заеднички работи. За замена на опремата и инсталациите на централната компресорска станица се потребни 455.000 евра, средства кои делумно ќе бидат финансирани од универзитетските клиники.
„Владата го разгледа предложениот оперативен план и со оглед дека планот има фискални импликации, препорача сите надлежни институции и органи да постапат согласно своите надлежности, во насока на решавање на предметното прашање“, информираа од Владата.
Планот предвидува неколку активности – барање согласност од универзитетските клиники, подготовка на тендерска документација, набавка, монтирање и пробна работа. Крајниот рок за завршување на сите активностите е шест месеци, односно до крајот на годината.
Кризата на хирургија трае веќе неколку недели. Како привремено решение се донесе одлука за набавка на надворешни компресори, со цел да можат да се извршуваат сложени и итни оперативни зафати.
Остатокот од текстот можете да го прочитате на „Дојче Веле“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре без струја делови од Карпош и…
Дел од корисниците во скопските општини Карпош…
Михајлова никогаш не се извинила на семејството…
Уредникот на Радио Лидер открива дека избеганата…
Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова
Министерството за внатрешни работи распиша централна и…
Тенеси може повторно да се обиде да…
Само една недела откако Криста Пајк преживеа…
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев…
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара надлежните институции да отворат…