Објавено на:

Доњецк го постигна цензусот: 55% излезеност на референдумот заклучно со денешниот ден

t

Излезноста на референдумот за приклучување на Народната Република Доњецк кон Русија по резултатите од дводневното гласање беше 55,05 отсто, изјави Владимир Висоцки, претседател на Централната изборна комиија на Доњецк.


„Вкупно, два дена излезеноста беше 55,05 отсто на територијата на Народна Република Доњецк. Вкупно за два дена гласале 858.681 луѓе, а ова е само во Народна Република Доњецк. Во странските избирачки места, 235.546 лица веќе гласаа за два дена. Овој резултат е многу добар, тој е многу среќен“, изјави Висоцки за новинарите.

Претходно властите на четирите сепаратистички региони изјавија дека над 90% од досега излезените гласачи се за припојување на регионите кон Руската Федерација.

РИА Новости денеска пренесе дека според нивни извори Советот на Федерацијата на 29 септември ќе разгледа можа измена на Законот за пристапување кон федерацијата.

Рускиот претседател Путин веќе изјави дека ќе ги прифати резултатите од референдумите во четирите региони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот воен дописник Расел Бентли исчезна во…

Американскиот воен дописник Расел Бентли исчезна во…

ЕУ не ги признава руските избори во…

Европската Унија остро го осудува одржувањето на…

Зеленски вели дека е на линијата на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во својата…

“Таа е наш херој” – Една година…

Прорускиот лидер на Доњецк, Денис Пушилин, денеска…

Лукашенко нуди помош за обнова на Доњецк…

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во вторникот…