До крајот на денот многу топло, температура до 41 степен
До крајот на денот, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде до 40 степени.
– Во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, соопштуваат од УХМР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдата на „Алта банка“ е приведен во…
Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…
ЦЕЛ ОСТРОВ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА: Целосен колапс…
Шпанскиот остров Ла Палма, во Канарскиот архипелаг,…
Костовски: Крај на узурпацијата на јавниот простор,…
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, порача…
САЈБЕРНАПАД ВО ШВЕДСКА: ХАКЕРИ ГИ ПРЕГРЕАЛЕ ФРИЖИДЕРИТЕ…
Сајбернапад врз системите за ладење и замрзнување…
Нафтата над 117 долари, ОПЕК+ не попушта:…
Седум земји од ОПЕК+ одлучија денеска во…