До крајот на месецот работодавците треба да им исплатат К-15 на работниците

t

До крајот на месецот работодавците имаат рок да го исплатат регресот за годишен одмор или познат како К-15. Според штипскиот економски експерт, Глигор Ивановски без разлика дали во моментов имаме економска или енергетска криза, ако нешто е предвидено согласно Законот треба да се реализира од страна на работодавците. Посочува дека исплатата на регресот за годишен одмор е обврска предвидена и во Закон и во колективните договори

-Тоа е законска обврска, ја има во колективните договори кои се потпишани од сите тројца учесници во тоа колективно договарање, Комората на работодавци, Синдикатот и Владата. Додека постои таква законска обврска сметам дека треба да се исплатува, доколку не може да се исплати треба да се промени основ од Законот. Не може нешто да постои како обврска, а да бараме начин да не го исполниме, вели Ивановски.

Законската обврска на работодавецот е до 31 декември да ја намири обврската за исплата на К-15. Висината на регресот за годишен одмор произлегува од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и е дефинирана како минимален износ од најмалку 40 отсто од основицата за оние работници кои го имаат исполнето условот за работа од најмалку шест месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

Македонската преработувачка индустрија лани изгубила 6.250 работници

Преработувачката индустрија – најголемиот работодавач во државата…

Минималниот износ за К-15 изнесува 19.116 денари

Од 1 јули компаниите во приватниот сектор…

Утре во 11 часот работнички протест по…

Сојузот на Синдикати на Македонија ги повика…

ССМ: ПОВИКУВАМЕ НА ПРОТЕСТ НА 1 МАЈ,…

На ден 29.04.2026 година во просториите на…