До Народниот правобранител примени 30 телефонски повици за повреда на избирачкото право

t

Од канцеларијата на Народниот правобранител известија дека примиле 30 телефонски повици, а едно лице и лично се обратило до нив. Најголемиот дел од поплаките или десетина забележуваат зошто биле прашани дали сакаат да гласаат за претседателски или за парламентарни избори. Неколку лица се јавиле и од старечките домови се пожалиле дека не можеле да го остварат своето избирачко право. Поплаки има и од вработени во приватниот сектор кои денеска не биле ослободени од работните обврски.

Од канцеларијата на Народниот правобранител известуваа дека од 7 до 19 часот, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800-543-21 или лично во канцелариите во Скопје, Струмица, Кичево, Тетово, Битола, Штип и во Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немирите се шират низ Италија, малолетници се…

Мирните протести во Италија против високите трошоци…

Проектил погодил гасна инфраструктура при вежба? Нови…

Експлозијата и смртоносниот пожар во канадската воена…

Заврши гласањето: Затворени избирачките места во општина…

Заврши гласањето во општина Брвеница, затворени се…

Карни потврди четворица загинати војници во базата…

Канадскиот премиер Марк Карни потврди дека четворица…

(Видео) Нови судири со полицијата на шестиот…

Протестите во главниот град на Албанија, Тирана,…