До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме

t

Денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 39 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умеренa облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд грмежи , наместа ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и појава нa град.

T=37°C. P=979hPa. U=25%. V=5m/s. UV index=8.

Според најавата од УХМР, до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град.

Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Препорака од УХМР: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…