До 11 часот гласале 10,1 отсто од граѓаните — најмал одзив во Сарај, Чаир и во Шуто Оризари
Според најновите податоци на Државната изборна комисија, излезноста до 11 часот изнесува 10,1 отсто на ниво на цела држава, врз основа на обработени 92,94 проценти од избирачките места.
Овој одѕив е нешто повисок во однос на првиот круг од изборите, кога до истиот термин излезноста изнесуваше 9,38 проценти.
Највисока излезност досега има во Пробиштип (22%), Лозово (20,87%), Демир Капија (19,92%) и Крушево (19,92%), по што следуваат Ранковце (18,29%), Дојран (17,43%), Конче (16,51%), Кичево и Чешиново-Облешево (по 15,96%), Зрновци (15,89%), Чучер Сандево (15,85%), Брвеница (15,29%), Македонска Каменица (15,09%), Росоман (14,26%) и Дебарца (13,99%).
Во долниот дел на листата се Могила (10,61%), Кочани (9,9%), Долнени (9,37%), Аеродром (9,16%), Струга (9,16%), Тетово (9,05%), Гази Баба (7,62%), Бутел (7,34%), Дебар (6,69%), Боговиње (6,67%), Шуто Оризари (5,93%), Чаир (2,67%), а најниска излезност има во Сарај — 1,86%.
Излезноста, според податоците од графиконот, продолжува да расте стабилно.
Следниот пресек на ДИК ќе биде објавен во 13 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До 11 часот гласале 10,1 отсто од…
Според најновите податоци на Државната изборна комисија,…
Излезеноста до 9 часот е 2,88 проценти
Одѕивот на вториот круг од локалните избори…
Владата ќе назначи повереници таму кадешто нема…
Во вториот круг се гласа за двајцата…
Кондарко: Нема пријави за проблеми од денешниот…
Денеска своето право на глас го остваруваат болните…
ДИК: Гласањето на болни и затвореници се…
Гласањето за болни и немоќни лица, притворени…