До 17-ти август ќе дознаеме што е догворено во Заедничката мултидициплинарна експертска комисија со Бугарија

t

Илија Димовски преку објава на Фејсбук вели дека крајниот рок до кога Бугарија треба да објави што е договорено со Заедничката мултидициплинарна експертска комисија е до средна, односно до 17. август.

-До 17 август Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања (историска комисија) со Бугарија има обврска да објави што договорила со Бугарија.

Во целиот Протокол има рокови (иако велеа дека нема).

Со потпишувањето на Протоколот врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка Република Македонија превзема пред Бугарија (а за жал и пред Европската Унија) низа од обврски кои се неразумни и се надвор од досегашната пракса на зачленување на членки во ЕУ, но и излегуваат надвор од договорот во поглед на содржина, цели, рокови и материја. Живо сум заинтересирам како со политички назначена комисија ќе ни се адаптира, подесува и менува историската вистина која сме ја учеле со генерации наназад. Но и, како ставот на политички назначената комисија ќе биде обид за рушење на илјадниците томови стручни изданија, симпозиуми и книги кои нашата и светската наука ги твореше во минатите повеќе од 7 декади, пишува Димовски во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крмов: Ние одиме сами против сите и…

Борис Крмов од Левица во емисија на…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

Се одложи гласањето на Резолуцијата за Сребреница

Седницата на која на дневен ред беше…

Првата група Рафали пристигна во Хрватска

Првата група од шест повеќенаменски борбени авиони…

Ковачевски: Сите да размислат што ќе биде…

Сите треба добро да размислат за иднината,…