ДПА: Во Русија се регрутираат жени за борбени дејства на украинскиот фронт
Москва почна да регрутира жени за борбени задачи во војната против Украина, објавија руските медиуми, пренесува агенцијата ДПА.
Интернет порталот „Важни приказни“ (Important Stories), кој тврди дека е еден од ретките извори на независно истражувачко новинарство во Русија, вчера напиша дека женски снајперисти и оператори со дронови се регрутираат за платеничка единица под команда на руското Министерство за Одбрана.
Написот со наслов „Направени не само за супи и деца, Русинките сега се регрутираат во борбени специјалности за да учествуваат во војната“, се вели дека жените се обучуваат во специјална снајперска единица и како оператори на борбени дронови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…