ДПА: Израел мобилизира 300.000 резервисти по нападот на Хамас
Израел мобилизира околу 300.000 резервисти како одговор на големиот напад на милитантите на Хамас, потврди армискиот портпарол, пренесе ДПА.
Армијата го опиша повикот за мобилизација како најголем во израелската историја направен во толку краток временски период.
Хамас, радикалното движење кое го контролира Појасот Газа, во саботата почна ненадеен, повеќестран напад врз Израел, при што досега во него загинаа над 1.000 лица.
Истовремено, во Израел постои огромна загриженост за судбината на над 100 Евреи кои се киднапирани и одведени во Појасот Газа, пренесува ДПА.
Израел вчера прогласи воена состојба и одговори со контранапади врз Газа, во кои досега загинаа околу 500 Палестинци. Неколку илјади лица се повредени на двете страни од судирот. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…