ДПИ одзеде над 3.000 нелегални пакувања тутунски производи

t

Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун.

При извршените инспекциски надзори кај 16 правни субјекти затекнати се количини на тутунски производи за кои правните субјекти не поседуваат документи за набавка од добавувач и ги немаат потребните ознаки – акцизни марки.

Согласно законските надлежности, затекнатите производи во количина од над 3000 пакувања со вредност од над 1.000.000,00 денари се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Северна Македонија.

За констатираните прекршоци, Државниот пазарен инспекторат постапувајќи согласно законските надлежности издаде прекршочни платни налози.

Државниот пазарен инспекторат, за констатираните неправилности достави  известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.

Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведуведување на инспекциските надзори со цел утврдување и санкционирање на нелегалната трговија на територија на Република Македонија согласно законските надлежности.

Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурмиши: Ако има зголемувања на маржите во…

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10-ти до…

ДПИ: Во декември времено затворени 26 угостителски…

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец…

Кина воведува царини од 42,7% за одредени…

Пекинг ќе воведе царини до 42,7% за…

Постапка против 11 лица за коруптивни кривични…

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…

ДПИ одзеде над 3.000 нелегални пакувања тутунски…

Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година…