ДПМНЕ да ги гледа своите редови, со новите бомби ќе има што да се чисти, велат од СДСМ

t

ДПМНЕ да ги гледа своите редови, со новите бомби ќе има што да се чисти

Криминалната ВМРО–ДПМНЕ нека погледне најпрво во своите редови, таму има многу за чистење од криминалци, особено по новите бомби кои допрва ќе бидат објавувани, се вели во соопштението на опозициската СДСМ.

СДСМ еднаш веќе помогна да се исчиститат криминалците од режимското време во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е подготвена повторно да направи такво чистење.

Главниот криминалец кој украде над 2 милијарди евра, Никола Груевски, побегна во Унгарија а уште десетици други функционери на ДПМНЕ завршија на суд за криминал, корупција, прислушување и бројни злоупотреби.

Таквите се нивните „редови“ и денеска. Истите шеми за испумпување на пари од граѓаните, истите местења тендери на фирми блиски до власта.

Скандалот со една фирма со двајца вработени, која за 6 месеци добила тендери тешки речиси 9 милиони евра е потврда за тоа што го говориме.

СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја коруптивна шема на оваа власт и да ја брани државата од новите бандити.

Работата сè уште не е завршена, додаваат од партијата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…

Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…

Економските резултати се мерат со бројки, а…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…