ДПМНЕ ја брише Република Македонија од законите додека Грција го укина центарот за македонски јазик
ДПМНЕ ја брише Република Македонија од законите додека Грција го укина центарот за Македонски јазик, истакна пратеничката на Левица, Јована Мојсоска.
– Пратениците на ДПМНЕ: А. Милошоски, Б. Ласовска, Ели Панова, Д. Стојановска и Б. Стојановски поднесоа законски измени со кои се брише името Република Македонија од „Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен основ во втор степен”. Пратеничката од Левица Јована Мојсоска побара оваа точка да биде тргната од дневен ред: „Причината зошто барам да се повлече овој предлог закон од дневен ред е членот број 11 кој гласи: ‘Низ целиот текст на законот зборовите Република Македонија се заменуваат со зборовите Република Северна Македонија.’ Дури и она што СДСМ не успеја да ја избрише Република Македонија од сите законски и подзаконски акти, гледаме како денес ВМРО-ДПМНЕ го брише секој писмен траг од постоењето на една држава со име Република Македонија и е учесник во бетонирањето на новиот ‘Северномакедонски’ идентитет!” Пратениците на ДПМНЕ гласаа ПРОТИВ предлогот и го поддржа воведувањето на „Северна”! – вели Мојсоска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…