Објавено на:

ДПМ: Македонскиот јазик е еден и единствен, македонските писатели создаваат токму на тој јазик

t

Наша основна алатка е јазикот и тој за нас, како што со право и убаво истакнуваше и нашиот претходник, учител и родоначалник Блаже Конески – е нашата татковина! Ние сме Македонци, наш мајчин и татков јазик е македонскиот и ние нема потреба никому да докажуваме дека сме Македонци и дека нашиот јазик е македонскиот. Македонскиот јазик има дијалекти, но нашиот македонски јазик не е никаков и ничиј дијалект, соопшти Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).

И во иднина, како и досега, ние сите – членовите на Друштвото на писателите на Македонија, ќе создаваме литературно творештво и ќе се трудиме тоа да биде со високи естетски и културолошки вредности.
Македонскиот писател и македонската книга се и ќе бидат и во иднина во центарот на вниманието на активностите, заложбите и проектите на ДПМ.

Притоа, посебно треба да се залагаме за читањето на македонските автори и дела, зашто непрочитаните книги исто како и да не се објавени.

Македонските писатели се единствени во грижата и одбраната на македонскиот јазик и македонското книжевно творештво, кое се создава во државава, но и во на Балканот, Европа и светот.
Македонскиот јазик е еден и единствен и македонските писатели создаваат токму на тој јазик. Тоа е јазикот на нашите татковци и мајки, предци и наследници, а нашите литературни дела се значајни и вредни – токму затоа што се создадени на тој наш, роден, изворен, матичен и единствен јазик.

Нашите творби и дела се траен влог, сведоштво и доказ за минатото, сегашноста и иднината, стои во соопштението на ДПМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…