Драган Анастасов е кандидат за градоначалник на Пробиштип од СДСМ
Драган Анастасов – Ладич, актуелен Градоначалник на Пробиштип и кандидат на СДСМ за трет последователен мандат во градот. Тој е еден од ретките функционери кој ја донирал разликата во плата по покачувањето од 78 отсто.
Досега целото покачување на плата од првиот месец до денес го донирал на неколку дечиња за нивно лекување.
На Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори, информираа од партијата СДСМ.
Драган Анастасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип
Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и
Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково.
Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата.
Сите кандидати на СДСМ се чесни, одговорни и посветени луѓе, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните. Преку изборните програми кои се подготвуваат заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области СДСМ ќе понуди издржани решенија за секоја општинина и ќе претстави нова визија за развој на локалните заедници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…
Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…
Четири борби, четири победи и ниту една…
Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…
Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…