Драмата продолжува: Мерко со поддршка на кандидатот на Мицкоски и Влен во Струга – дали е договорена амнестија?!
Осудениот за криминал и актуелен градоначалник на ДУИ во Струга, Рамиз Мерко, наведе дека нема да го поддржи кандидатот на НАИ за градоначалник на Струга.
И покрај оваа изјава, извори блиски до локалните политички структури во Струга тврдат дека Мерко веќе постигнал неформален договор за поддршка на кандидатот Менди Ќира на ВРЕДИ и ДПМНЕ во вториот изборен круг.
Во втор круг останаа да се тркаат Менди Ќира независен кандидат поддржан од ДПМНЕ и ВЛЕН и Арсим Далипи од Алијанса за Албанците.
На изборите во првиот круг во Струга Менди Ќира освои 9.934 гласа, додека пак листата на ДПМНЕ освои 5.749 гласа, а листата на ВРЕДИ 4.059 гласа, со што може да се увиди дека Менди Ќира освоил повеќе гласови од ДПМНЕ, за разлика од тие што ги добил од ВРЕДИ.
Мерко, кој е поврзуван со повеќе пресуди, истраги и обвиненија за корупција и злоупотреба на службената положба, останува значаен фактор во локалната политичка сцена. Поддршката од неговата криминална мрежа може да биде клучна за исходот на изборите во Струга, каде разликата помеѓу водечките кандидати е мала.
Извори брифираат дека е пазарена амнестија меѓу власта на Мицкоски и Рамиз Мерко. Изворите дополнија дека со оваа поддршка на осудениот Рамиз Мерко, тој си ја купува слободата од власта на ДПМНЕ и ВРЕДИ, бидејќи на товар му висат неколку пресуди кои се со условни казни, а дополнително има и други истраги и обвиненија за злоупотрба на службената положба кои се во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истражувач си замина од Антропик со морничаво…
Еден од истражувачите кои работеле на развојот…
Мерц: Планот на АфД за ремиграција е…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Бундестагот…
„Ер Србија“ воведува два лета дневно на…
„Ер Србија“ во претстојната зимска сезона неделно…
Денеска ќе се прска против ларви од…
Градот Скопје денеска ќе спроведе терестрична дезинсекција…
Рубио: САД ќе продолжат да ги напаѓаат…
Американскиот државен секретар Марко Рубио го предупреди…