Објавено на:

Драматичен пад на сообраќајот: Само еден товарен брод поминал низ Ормуската Теснина

t

Само еден товарен брод вчера минал низ Ормуската Теснина, што е најниска бројка регистрирана од 7 мај наваму, покажаа прелиминарните податоци на компанијата за следење на поморскиот сообраќај „Кплер“ (Kpler).

Според евиденцијата, станува збор за многу голем танкер за превоз на течен гас, кој вчера навлегол во мореузот од правец на Оманскиот Залив.

За споредба, само еден ден претходно, односно во неделата, низ Ормус биле регистрирани шест товарни бродови од различни категории.

Од компанијата напоменуваат дека податоците може дополнително да претрпат измени. Причина за тоа е што дел од екипажите ги исклучуваат транспондерите за време на пловидбата низ овој регион, со цел нивното движење да не биде регистрирано во глобалните системи за следење.

Ормуската Теснина важи за една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и течен природен гас. Поморскиот сообраќај низ оваа критична точка е драстично намален поради актуелниот конфликт и зголемените безбедносни ризици на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…