Драматична изјава на Вучиќ: Следните 6 месеци се клучни, некои држави ќе бидат уништени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Њујорк, каде учествува на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, порача дека сега е „време на големи тензии и геополитички промени“, пренесуваат српските медиуми.
Вучиќ во неколку наврати предупредуваше на тешката зима што ни претстои.
„Ќе зборувам за непочитување на меѓународното јавно право во случајот со Србија. Наша работа е да работиме за нашата земја, а не за некој друг. Јас сум горд на тоа, така сме работеле секогаш. Го зачувавме духот на слободата и независноста на нашата земја. Мислам дека не разбираме доволно што се случува и што ни претстои. Пред нас се шест клучни месеци во кои се прават разлики. Во кои ќе бидат оние кои едвај преживеале, со мали шанси за успешен напредок во иднина, оние кои преживеале, но ослабеле, и оние кои ги преживеале ударите, но излегле како најголеми од сите“, изјави Вучиќ.
„Ова ќе ја направи клучната разлика меѓу Германија и остатокот од Европа, без оглед на сите проблеми со кои се соочуваат. Можат да фрлаат пари, зборувам фигуративно, се разбира“, кажал тој и додал дека „многу мали држави во Европа ќе бидат уништени“, додаде тој, според српските медиуми.
Вучиќ од Њујорк уште еднаш порача дека „нема шанса да го пушти Косово во Обединетите нации“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…