Драма во Аеродром: Грабнат и претепан скопјанец – му забраниле да оди на лекар и во полиција
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, К.Б.(34) од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач.
– Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…
Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…
Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…
Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…
Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…