Објавено на:

ДРАМА ВО БУГАРИЈА: БСП му порача на Петков, ако го смени ставот за МАКЕДОНИЈА, може и да не биде веќе премиер

t

Во коалицискиот договор недвосмислено се наведува кои услови треба да ги исполнат соседите за да продолжи пристапниот процес. Ако Кирил Петков го смени ставот за ветото за Скопје, можеби нема да биде веќе премиер, изјави Георги Свиленски од Бугарската социјалистичка партија (БСП), партија која е дел од владината коалиција.

„Доколку премиерот одлучи да направи нешто на своја рака, јасно е каков е исходот. Едноставно тој повторно нема да биде премиер“, рече Свиленски.

„Нашиот став е конзистентен – Република Северна Македонија може да го продолжи својот пат кон Европската Унија по исполнувањето на договорот и декларацијата од 44-то Народно собрание. Оваа позиција е дел од коалицискиот договор. Јасно се договоривме кои услови Северна Македонија треба да ги исполни за да продолжи процесот на пристапување“, изјави Свиленски и додаде дека е тоа црвената линија од која нема отстапување.

„Тоа е црвената линија за сите бугарски граѓани. Општеството на оваа тема е обединето. Над 80 отсто од бугарските граѓани го поддржуваат ставот и на БСП и на коалициската влада, а поддржан е и од голем дел од опозицијата“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…

Руските сили ја заробиле најмоќната верзија на…

Како што пишува магазинот „Милитари воч“ (Military…

Даштевски: Гласањето помина мирно, излезноста во дијаспората…

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар…

Столтенберг: Американската помош за Украина не е…

Воената помош за Украина во вредност од…

Трамп: Ова е многу тажен ден за…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред…