Објавено на:

Драма во Валона: Браќа се скарале па пукале по плажа

t

Кавга меѓу двајца браќа, за тоа кој да стопанисува со плажа земена на користење, е причина за инцидентот што се случи кај албанскиот приморски град Валона денеска околу пладне.

Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот е уапсен Едисон Конди (34), жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45).

Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но, според последната информација што ја пренесуваат медиумите, не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа.

Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу кои и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно.

„Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да бегаме во паника“, велат тие.

Веднаш на местото на инцидентот пристигнала полицијата, но и возила за итна помош, а биле ангажирани и припадници на единицата за брзо распоредување.

Увидот е сѐ уште  во тек, по што ќе има официјално соопштение.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нова драма со авион на „Боинг“:…

Авионот „Боинг 737-800“, кој летал за Хјустон,…

(Видео) Драма во Њујорк: Се запали огромен…

Голем кран на висококатница се запали и…

Добро утро со Инфомакс: Никогаш да не…

Војдан Поп Георгиев е првиот македонски драмски…

Добро утро со Инфомакс: Не може баш…

 Горан Стефановски е истакнат македонскиот драмски писател.…

(Видео) Две лица уапсени во Валона за…

Две лица се приведени од полицијата како…