Објавено на:

Драма во Ватикан: Албанец со БМВ се обидел да ги сруши портите од Светата столица – Карабинерите пукале во возилото!

t

Италијанската полиција пукала во гумите на БМВ управувано од 39-годишен Албанец. Тој со полна брзина ги пробил безбедносните огради во непосредна близина на плоштадот Свети Петар, во Ватикан.

Штом папската швајцарска гарда го слушна истрелот, го затвори влезот во палатата на Светата столица. 39-годишниот Албанец по инцидентот се обидел да избега, успеале да го спречат неколку улици подалеку, а полицијата го смирила со струен удар.

И покрај инцидентот, папата Франциско денеска и се обрати на толпата на плоштадот Свети Петар.


Ватикан е дел од Рим каде и за време на Втората светска војна, дури и подоцна, не се слушало огнено оружје. Единствен исклучок е 13 мај 1981 година, кога тој е турски државјанин Мехмет Али Агџа изврши обид за атентат врз популарниот папа Јован Павле Втори.

Денеска, пак, таму се случи инцидент кој го потресе овој град-држава. Возачот на БМВ-то со полна брзина ги пробил заштитните огради на улицата Павле Шести, недалеку од самиот центар на Ватикан – познатиот плоштад Свети Петар, кој се разбира, е силно чуван, а во еден миг се мобилизираа италијанската државна полиција, папската жандармерија и карабинерите. Полицајците пукале во гумите на автомобилот, но тоа не го спречило дивиот возач. Напротив, додаде бензин до максимум и следеше филмски лов низ Рим. Возилото некое време било блокирано, но возачот не дозволил да биде приведен се додека не бил онесвестен од пиштол за шокирање. Полицијата конечно соопшти дека приведениот возач е 39-годишен Албанец.

Мотивите за неговите постапки се уште не се познати. Според италијанските медиуми, најверојатно не се работи за намерен напад на Светата столица или за тероризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанец им зел 11.000 евра за да…

Педесет и седумгодишен жител на тетовско село,…

Хаг: Албански сведок изјави дека бил приведен…

На судењето на четворица водачи на поранешната…

Ватикан: Папата не бара од Украина да…

Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан,…

Полицијата запрела БМВ, што влече камп приколка-…

Кога полицијата вчера попладне запрела BMW што…

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…