ДРАМА ВО ДЕБАР: Жена предизвикала пожар на терасата од плинска боца, па истата ја фрлила врз две паркирани возила кои се запалиле!

t

Жителка на Дебар откако со плинска боца предизвикала пожар на балконот, истата ја фрлила преку балкон по што биле опожарени два автомобила.

– Вчера во 11:20 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека Б.Б.(70) од Дебар, поради невнимателно ракување со плинска боца, предизвикала пожар на балконот од станот лоциран на улица во градот „8 септември“ а потоа, боцата ја исфрлила на паркинг простор пред зградата, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Притоа, биле опожарени патнички возила „Опел Корса“ и „Мерцедес“. Интервенирала Територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршиле полициски екипи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…