Драма во Македонска Каменица: 23-годишна девојка ја нападнала свекрвата, со нож го погодила свекорот во нога, па тој ја нападнал со тврд предмет
Девојка вчера била приведена во Македонска Каменица по семејна расправија во која прво ја нападнала свекрвата, а потоа фрлила нож кон свекорот и го погодила во ногата. Во инцидентот и свекорот ја удрил жената со тврд предмет.
„На 27.08.2026 во 21:35 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица лишија од слобода 23-годишна жена од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, фрлила нож кон нејзиниот свекор. На настанот, според пријавеното во ПО Македонска Каменица, претходела расправија помеѓу жената и нејзиниот сопруг, по што 23-годишната жена прво физички ја нападнала својата свекрва, а потоа и фрлила нож кон свекорот и го удрила во ногата, по што тој ја удрил со тврд предмет. По целосно расчистување на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…