Драма во Скопје: Насилно ја заклучил жената во соба, па бил нападнат со тврд предмет

t

На 29.03.2022 во 03:00 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Ф.(36) од Скопје пријавил дека на 28.03.2022 околу 21:30 часот во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил нападнат со тврд предмет од С.М.(41) од Скопје.

Во врска со настанот, на 28.03.2022 во 22:30 часот, М.Е.(20) од Скопје пријавила дека околу 21:30 часот со А.Ф.(36) отишла во хотел на подрачјето на Бит Пазар, но кога сакала да си замине, настанала расправија помеѓу нив и А.Ф. не ѝ дозволил и ја заклучил.

Според пријавеното, таа го скршила стаклото и се јавила на С.М.(41), кој дошол и физички го нападнал А.Ф..

По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…