ДРАМА ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА: Му вперил пиштол пред очите на семејството!
Вистинска драма се одвивала во Старата скопска чаршија, откако маж наводно извадил и репетирал огнено оружје кон друго лице, при што заканите биле упатени пред очите на неговото семејство. По инцидентот, полицијата приведе две лица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јули 2026 година околу 13:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Х. (60) и И.Х. (27), двајцата од село во Општина Студеничани.
Како што наведуваат од МВР, инцидентот се случил околу 12:40 часот во Старата скопска чаршија. Според пријавата, А.Х. репетирал огнено оружје кон 36-годишен маж од скопско и неговото семејство, при што им упатувал сериозни закани и се обидел физички да го нападне.
Благодарение на брзата реакција на полициските службеници, осомничените биле приведени, а за случајот е започната официјална постапка за утврдување на сите околности и факти.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно законските процедури. Надлежните институции продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите детали поврзани со инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…