Драма на аеродром во Израел: Патниците добиле пораки со слики од авионски несреќи пред полетувањето со туски авион
Капетанот на турскиот лет на„Анадолу Џет“ го прекинал полетувањето на главниот аеродром во Израел откако патниците добиле слики од авионска несреќа на нивните телефони.
Израелската авијација соопшти дека авионот полетувал од аеродромот Бен Гурион кога се случил инцидентот. 160 Патници и екипажот биле евакуирани, а багажот повторно прегледан.
Неколку млади Израелци биле идентификувани како осомничени, подоцна биле и сослушани. Авионот тргнал со пет часа задоцнување, откако било одобрено да замине.
Авионот „Боинг 737“ на „Анадолу Џет“,бил на пат кон позицијата за полетување кога патниците го известиле екипажот дека ги добиле фотографиите. Капетанот бил информиран и решил да се врати на терминалот. Хебрејскиот информативен сајт Ynet објавил дека сликите биле споделени преку AirDrop, услуга на Apple која им овозможува на корисниците да испраќаат датотеки од еден уред на Apple на друг на кратки растојанија. Сите слики се примени на iPhone-и.
На сликите имало несреќа на авион на Туркиш ерлајнс кој се урна во Холандија во 2009 година и уште една авионска несреќа во Соединетите американски држави во 2013 година, соопшти Ynet.
На патниците им било кажано дека можат повторно да се качат на повторно прегледаниот авион, кој се упатил кон Истанбул, или да останат во Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЗРАЕЛ ЈА ПОДИГНА ВОЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НАЈВИСОКО…
Израелските вооружени сили ја зголемија борбената готовност…
Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…
Израел се соочува со егзистенцијална закана од…
Хамнеи бара воена отштета од САД и…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…
Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример…
Објава на градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…