Драма на Алфа, Николоски открива: Мицкоски е вербално напаѓан по комитетите на партијата – членството е незадоволно од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа откриј дека во изминатите недели откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски започнал со посети на општинските комитети се случуваат вербални инциденти помеѓу Мицкоски и незадоволни членови на партијата.
-Овие неколку денови претседателот оди на средби по локалните комитети и таму се случува сомнителни непознати типови да лажат дека се вмровци и да влегуваат во дуели со Мицковски со цел да направат раздор во партијата, сметаме дека се тоа агент провокатори пратени од агенцијата за разузнавање која е под палката на Пендаровски, исто се случува и во медиумите новинари кои се на платен список кај агенцијата излегуваат со медиски напади против Мицковски.
Чудно е зошто Николовски ова го кажува во јавност, веројатно постои страв дека овие инциденти се снимени со телефон и ќе се појават во медиумите па со време се креираат оправдување за да ја намалат штетата за партијата.
Во реалноста многу е поверојатно е дека се работи за членови на ВМРО ДПМНЕ кои се незадоволни од неконзистентниот став и изјавите на Мицкоски за референдумот за уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…