Објавено на:

Драма на небото-Пилоти заспале за време на лет, во авионот имало повеќе од 150 патници

t

Пилотот и копилотот спиеле околу 28 минути во исто време за време на летот на Батик Ер кој летал од градот Сулавеси во југоисточна Индонезија до главниот град на Индонезија Џакарта на 25 јануари, покажува прелиминарниот извештај на Националниот комитет за безбедност на транспортот, (КНКТ), пренесува Гардијан.

За среќа при овој инцидент за време на летот на Ербас А320, кој траел два часа и 35 минути,  не е повреден ниту еден од  153 патници и четирите стјуардеси.

Во извештајот на КНКТ се наведува дека околу 90 минути по полетувањето на авионот, капетанот побарал дозвола од копилотот да одмори извесно време, што тој му дал.

Копилотот потоа ја презел командата со леталото, но потоа и тој заспал. Неколку минути по последниот снимен пренос на копилотот, Центарот за контрола на летот во областа Џакарта се обидел да стапи во контакт со авионот, но не доби одговор. Пилотот се разбудил 28 минути по последниот снимен пренос и сфатил дека неговиот копилот спие и дека леталото не е на правилната патека на летот.

Веднаш го разбудил колегата, одговарал на повиците од Џакарта и го поправил курсот, се вели во извештајот.

„Министерството за транспорт на Индонезија „остро го прекорува“ Батик Ер за овој инцидент“, рече генералниот директор на Одделот за воздушен транспорт во KNKT Марија Кристи Енда Мурни. Таа ги повика авиокомпаниите да посветат поголемо внимание на времето за одмор на нивните екипажи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Силен земјотрес го погоди брегот на…

Најмалку 20 лица загинаа, а шест се…

Индонезија заплени 1,3 тони кетамин во вредност…

Индонезиските власти запленија 1,3 тони кетамин во…

Авион полн со патници нагло се спуштил…

Пет лица се повредени откако патнички авион…

Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…

Патнички авион на лет од САД кон…

(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…

На социјалните мрежи се појави нова снимка…