Драма на плажа во Неи Пори! 3-годишниот Михајло направил вистински хаос
Вистинската драма се одвивала вчера на плажа во Неи Пори! Годинава неколку деца се изгубија во Грција на плажа, за среќа, сите беа пронајдени живи и здрави, а корисниците на социјалните мрежи кои биле сведоци на овие настани апелираат до родителите повеќе да водат сметка!
Имено, вчера едно тригодишно детенце од Србија се изгубило во Неи Пори.
– Тригодишно дете по име Михајло денеска е изгубено во Неи Пори. Сите станавме на нозе да го бараме детето. Агонијата траеше половина час, за среќа, детето е пронајдено живо и здраво како си игра во песок на сосема различна плажа од неговите родители. Апел да се внимава на децата, стои во објавата на еден корисник на социјалните мрежи во групата „Во живо од Грција“.
Голем број корисници на социјалните мрежи истурија оган врз родителите на ова момче.
– Па, се заиграло кога неговите родители не го забележале. Добро е и што сфатиле дека го нема. Браво за сите вас, стои во еден од коментарите.
Еден корисник изјавил дека вакви мали деца не смеат да бидат надвор од видното поле ни за секунда.
– Минатата година масовно се губеа бурми, а годинава деца, стои во еден од коментарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…