Драстичен пад на златото, грам денес се продава по 118 евра
Драстично падна цената на златото. Денес на светските берзи еден грам чисто злато (24 карати) се тргува по 118 евра или унца (31,1 грам) се продава по 3.691 евро. Според економските аналитичари, падот на цената е резултат на зајакнувањето на американскиот долар и неизвесностите поврзани со глобалната инфлација. Иако златото традиционално се смета за сигурно засолниште во време на криза, моменталните пазарни услови вршат притисок врз неговата вредност.
„Инвеститорите во моментов се пренасочуваат кон други финансиски инструменти, што влијае на намалена побарувачка за злато“, велат пазарните експерти.
Сепак, долгорочните прогнози остануваат претпазливи, со очекувања дека златото би можело повторно да зајакне доколку се продлабочат економските ризици на глобално ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…
Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…
Падна цената на златото на светските берзи
Падна златото на светските берзи. Цената за унца…
Златото денес чини 126 евра за грам
Цената на златото денес на светските пазари…
Денес грам злато чини 130 евра
Цената на златото на светските пазари денес…
Златото поевтино од вчера, грам се тргува…
Цената на златото денес на светските берзи…