Државата ќе се задолжи за дополнителни 900 милиони евра
Со последниот ребаланс, буџетот за 2022 година ќе изнесува 6,6 милијарди евра. Ребалансот се прави со цел економијата целосно да закрепне од пандемијата, но и за поддршка на граѓаните за време на кулминација на глобалната криза. Министерот за Финансии Фатмир Бесими ги презентираше детаљите околу предлог-буџетот за 2022 година.
Оваа година државата ќе се задолжи со дополнителни 900 милиони евра, внатрешно и надворешно, објави министерот Бесими. Средствата ќе се употребат за покривање на старите долгови и буџетскиот дефицит од скоро 700 милиони евра. Владата се надева дека најголемиот дел од финансиските средства ќе се земат преку задолжувањето од ММФ (Меѓународниот монетарен фонд) со ниски каматни стапки, но се уште не се знае точно колкав ќе биде тој ангажман.
Капиталните инвестиции се планирани во вкупна вредност од 32,2 милијарди денари, околу 6 милијарди денари помалку споредено со претходниот план за 2022 година. Капиталните инвестии првенствено се редуцирани за 95 милиони евра, а за нивна резализација се издвоени 520 милиони евра. Според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот ќе значи продолжување на економскиот хаос и колапсот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…