Државен завод за ревизија откри: Министерството за здравство правело погрешни чекори уште на почетокот на пандемијата!

t

Над 18,6 милиони евра се офајдиле приватните лаборатории за време на ковид-пандемијата. Недоволниот број термини во јавното здратво ги наполни сметките на приватното, констатира државниот ревизор. Тоа што до преку „Мој термин“ можеше да се дојде дури откако ќе ја победите, или загубите битката со Ковид, ги притисна граѓаните од свој џеб приватно да плаќаат за ПЦР тестирање, бидејќи стана задолжително, со што за две години, во приватните лаборатории завршиле милиони суми евра.

Ревизорот потенцира дека до оваа сума дошол, сметајќи ја најниската наплатувана цена од 1.400 денари, иако сумата за еден тест достигнувала и до 5.500 денари.

Првата година од пандемијата, државното и приватното здравство направиле речиси идентичен број на тестови, но веќе наредната година има драматичен пораст во приватните лаборатории. Наредните шест месеци разликата во тестовите е 100.000 во корист на приватното, осносно со 25 процети повеќе направени тестови. Разликата, уште подраматично продолжува да расте, со што на крајот на март оваа година, приватните реализирале 60 проценти повеќе ПЦР трестови од државните лаборатории, или во бројки, разликата е над 300 илјади тестови.

Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка.

Министерството не преземало активности за обезбедување на поголем број термини за тестирање на товар на Фондот во поголем број ЈЗУ поради што голем дел од осигурениците тестирањето го вршеле на свој трошок во приватни лаборатории, се вели во извештајот на  ДЗР.

Повеќе фондовски пари на сметките на приватните биолници легнале и за извршени кардиоваскуларно – хируршки здравствени услуги, во 2019 и 2020 година. Проблемот не е во кадарот, туку во просторните услови во јавното здравство.

 Иимено, Фондот има склучено договори со три ЈЗУ и две ПЗУ за што се исплатени 1.254.330.000 денари (20.317.000 ЕВРА) од кои 95% од услугите се вршат во ПЗУ. Најголем дел од услугите во ЈЗУ се извршени од ЈЗУ УК за државна Кардиологија која иако располага со квалификуван кадар, ги нема потребните просторни услови, што неповолно влијае на обемот на вршењето на здравствената дејност, констатирал ДЗР.

Здравствената криза во 2020-та, го десеткувала и бројот на теренски контроли кај здравствените установи. Намален е за 74%, со што признавањето и плаќањето на здравствените услуги, е различно од реално извршените. Во 2020-та имало само 83 контроли, или речиси шест пати помалку, споредбено со годината претходно, кога биле извршени близу 500.Најмал број контроли се извршени кај здравствените установи од болничка здравствена заштита, чии договорни надоместоци се највисоки, а неправилности се утврдени во дури 85% случаи.

Не се почитувале ниту роковите, со што без казни поминале здравстените установи кои не ги почитувале договорите со Фондот.

Пропусти и во постапките за лекување во странство. Не е обезбедена соодветна правна заштита и контрола, ниту пак систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето. Без повратни информации и за над три милиони евра во аванси за лекување во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…

Министерството за здравство информира дека над 50…

„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за…

Патрик Валанс, главниот научен советник на владата…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…

Левица: Нема термини за прегледи за рак…

Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики…