Државниот врв утре ќе ја одбележи 20-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

t

Владата утре ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

На овогодишното одбележување во Бутел со почеток во 12 часот, на гробот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат цвеќе сопругата Вилма Трајковска со членови од семејството, претседателот Стево Пендаровски, делегација на Собранието предводена од претседателот, Јован Митрески, делегација на Владата, составена од вицепремиерката Славица Грковска и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа. Потоа делегација на Армијата, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ – се вели во соопштението од Влада.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи несреќата, во 10 часот ќе положат цвеќе претставници од владината делегација составена од министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и претставник од Кабинетот на Пендаровски, полковник Билјана Блажеска, аѓутант на Претседателот.

Во Струмица, со почеток во 10 часот на споменикот на поранешниот претседател, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат цвеќе делегацијата од Владата, предводена од Јованка Тренчевска, дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика, заедно со Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…