Државниот инспекторат утврдил повеќе пропусти во постапките за вработување во М-НАВ
Државниот инспекторат утврдил повеќе пропусти во постапките за вработување во М-НАВ.
Државниот инспекторат за труд при извршениот вонреден инспекциски надзор во М-НАВ констатирал нерегуларности. Разгледуваат 4 јавни огласи. ДИТ констатирал дека без образложение се ангажирале лица за одредени позиции, а други кои ги исполнувале условите воопшто не се земени предвид при ангажманот. Работодавецот немал писмен доказ за изведени интервјуа со кандидатите, а воедно барал да услови кои воопшто не биле споменати во систематизацијата на тие работни позиции.
„Работодавецот без основ ги поништил одлуките на четворица кандидати за работните места студент-инженер и студент-техничар и покрај тоа што можел да спроведе законска постапка за вработување и во фискалната 2024-та година“, стои во соопштението.
Прекршувањето на законот ќе го чини М-НАВ 600 евра, додека одговорните лица се казнети со по 400 евра.
Ова следи откако претходно имаше упад во М-НАВ, односно група нападна вработени и ја доведе во ризик безбедноста во авиосообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мнав кривично го гони Управниот одбор –…
Македонска навигација го „бомбардира“ Обвинителството за гонење…
Сериозен дефект на главната радио-станица на Солунска…
Сериозен технички дефект на главната радио-станица на…
М-НАВ: Целозно завршен процесот на демонтажа на…
М-НАВ инфомира дека денеска успешно ги заврши…
Правниот застапник на М-НАВ: Забраната за штрајк…
Наоѓањата на Граѓанскиот суд за забрана на…
Штрајкот на Контролата на летање се откажува…
Иако сметаат дека одлуката на судот за…