Државјанин на Бангладеш криумчарел Непалци низ Македонија
Нов случај на криумчарење на мигранти низ Македонија, овој пат од страна на државјанин на Бангладеш. На 21.01.2025 во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал.
Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.
Изминатите неколку месеци се повеќе работници од Непал исчезнуваа во државата. Откако ќе поработат извесен период во Македонија, бегаат од работните места, а газдите ги пријавуваат за исчезнати.
МВР досега нема соопштено дали има пронајдено некое, од овие пријавени за исчезнати лица, и поради тоа се јавува сомнеж дека тие веќе ја напуштиле државата на нелегален начин и се упатиле кон западно европските земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Сеута: стампедо и предупредувачки…
Хаотични сцени се случувале утрово во шпанската…
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…
Пет земји од ЕУ преговараат за центри…
Германија, Австрија, Данска, Холандија и Грција денеска…
Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…
Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…
Санчез ги обвини Русија и Израел за…
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…