Државјанин на Македонија со нож нападнал Србин на брод во Хрватска, осомничен е за обид за убиство
Жупаниското државно обвинителство во Пула отвори истрага против 55-годишен државјанин на Македонија, кој е осомничен за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија при инцидент што се случил на брод во близина на Медулин.
Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот на 13 јули, со намера да го лиши од живот српскиот државјанин, го нападнал со нож и повеќепати замавнувал кон неговата глава и стомак.
Жртвата, обидувајќи се да ги заштити виталните делови од телото, се бранела со раката и при тоа се здобила со тешки телесни повреди. Понатамошниот напад бил спречен од друго лице, кое успеало да му го одземе ножот на напаѓачот.
По кривичната пријава поднесена од Полициската станица Пула, Обвинителството донело наредба за спроведување истрага за кривично дело обид за убиство.
Воедно, предложен е и истражен притвор поради опасност од бегство, а судија на Жупанискиот суд во Пула го прифатил предлогот и му одредил притвор на осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Андоновски за безбедносните недостатоци во ПИОМ: Мора…
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели…
Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент
Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…
Тепачка во казино во Струга
На 25.10.2026 во 15:25 часот во ОВР…
АХВ заплени и уништи 470 килограми месни…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата…