Државјаните на Косово и Македонија ќе добијат државјанство без полагање на испит за албански јазик?

t

Предлог законот за државјанство се расправа во Собранието на Република Албанија.

Министерот за внатрешни работи Таулант Бала предложи граѓаните на Косово и Македонија кои имаат албански јазик како официјален јазик во нивните држави да не се тестираат за познавање на албанскиот јазик и историја за да добијат државјанство, пренесува Албаниан пост.

„Бараме граѓаните на Косово кои имаат официјален јазик, го зборуваат јазикот како ние и добро ја знаат нашата историја како ние, да не мора да подлежат на тест за јазик или познавање на историјата. Во оваа перспектива ќе се направи исклучок за земјите каде албанскиот јазик е официјален јазик“.

Бала ова го опиша како историско одлучување за унапредување на важен пристап што матичната земја го има кон сите оние кои аплицираат за да добијат пасоши со натурализација.

Во текот на својот говор, Бала рече дека измените што се донесени на одобрување олеснуваат и отстрануваат некои непотребни пречки за многу сонародници, кои целосно заслужуваат пасош, но со постојната рамка на законот за државјанство тоа е невозможно.

Според Бала, „со сегашниот закон барањето за пасош не се врши пред 18-годишна возраст, додека талентите во спортот се подготвуваат многу побрзо“.

„Албанската фудбалска федерација побара интервенција во законот за да се овозможи добивање пасоши за младите спортисти или уметници кои ќе се решат да добијат албански пасош со натурализација“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…

Италија треба да го прекине договорот со…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…

(Видео) Историска снимка од првата средба на…

Весникот „Македониум“ за првпат објавува драгоцена архивска…

Жител на шарпланинско село во Косово е…

Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…

СЕМЕЈСТВОТО АПЕЛИРА ЗА ПОМОШ: 4-годишно дете од…

Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа…