Државјанка на Велика Британија тешко повредена во сообраќајка на патот Кичево–Охрид
На 10 јуни 2026 година, во 17:50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево–Охрид се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повредена 23-годишна државјанка на Обединетото Кралство.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К. (23) од Обединетото Кралство, удрило во метална заштитна ограда, по што излетало надвор од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди се здобила неговата 23-годишна сопатничка Б.А., исто така од Обединетото Кралство. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде ѝ била укажана лекарска помош.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Охрид, а причините за сообраќајната незгода се утврдуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко-монструм: Се заканувал дека ќе ја запали…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.…
Скопјанец си ја нападнал својата 68-годишна мајка
На 25.11.2026 во 22:30 часот во СВР…
МВР: Повеќе возрасни лица сексуално злоупотребувале малолетник…
Полицијата во дневниот билтен објави грозоморен случај…
Маж од Охрид ја пријавил сопругата за…
По секојдневните пријави од жени за семејно…
ОЈО постапува по пријава за тешка телесна…
До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска…