Објавено на:

Дрзок однос на бугарското МНР: Северна Македонија со дела да ја докаже европската определба

t

Бугарското Министерство за надворешни работи го повика Скопје да покаже конкретни чекори за своите евроинтегративни аспирации. Бугарската дипломатија во соопштението наведе дека Софија е подготвена да го потпише протоколот во согласност со договорот за добрососедство. Протоколот всушност го подразбира записникот од двете владини комисии кои работат на спроведување на Договорот од 2017 година за постигнатите резултати.

„Време е релевантните фактори во Северна Македонија, не со зборови туку со дела, да ја докажат својата определба и посветеност на својата европска и регионална иднина. Брзината со која Северна Македонија ќе се движи кон членство зависи од самата себе и ниту еден процес нема да се придвижи додека не ги исполни своите обврски за европските вредности и добрососедските односи“, изјавија од Министерство за надворешни работи, Бугарија.

Во меѓувреме, претседателот на Бугарија, Румен Радев, во својата прва изјава по одлуката на Собранието рече дека францускиот предлог можел да биде и уште подобар доколку бугарската политика посветела повеќе внимание на процесот и да не губела време со различните политики на премиерот. Сепак, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека сè додека зборот протокол, кој е инструмент на договорот, остане во рамката, Скопје нема да го прифаќа францускиот предлог. Според него, важно е отворањето на Уставот да се случи по отворањето на преговорите.

„Кога ќе дојде францускиот предлог, тој треба да помине на Влада, па на коалицискиот совет, па на Комисијата за надворешна политика во Собранието и да се информира претседателот и на крајот да се извести и француското претседателство за тоа каков е нашиот став. Но, јас велам дека ако се тргне зборот ‘протокол’ од рамката и ако се утврди точно што значи ‘пред отворање на преговорите’ или отворање на уставот, односно ако се предвидува отворање на преговорите, јас ќе бидам тој ќе ги убеди Владата, Собранието и претседателот дека овој предлог е добар за нас“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Османи додаде дека новиот француски предлог се очекува да стигне во МНР до 30 јуни, кога завршува мандатот на француското претседателство со Советот на ЕУ.

Извор: Алсат.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Шпигел“: Во Бугарија откриено складиште за оружје…

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје…

Бугарија од утре официјално е членка на…

Бугарија официјално стана членка на Шенген просторот…

Два земјотреси рано утринава ја стресоа Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

БУГАРИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ: Габриел ја…

Направивме многу отстапки“, рече кандидатката за премиер…