Дрон за ПР може да лета и без дозвола?!
Дронот што ги снимаше панорамските кадри од акцијата за чистење на Скопје не бил пријавен за лет во Агенцијата за цивилно воздухопловство, објави истражувачкиот портал „Призма“, повикувајќи се на јавно достапните податоци на институцијата.
Според правилата, секое летало што лета на македонското небо мора да биде претходно регистрирано, а летот најавен во системот. Меѓутоа, вечерта на 6 ноември, кога започна акцијата за чистење пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, во системот немало најавен лет на таа локација, ниту во следните денови кога беа објавени снимките.
Како што наведува „Призма“, панорамските кадри прв ги објави премиерот Христијан Мицкоски на својата официјална страница на Фејсбук, а потоа и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, со нови фотографии и видеа направени со дрон.
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојановски, за „Призма“ изјавил дека институцијата нема техничка можност да провери подоцна дали летот бил изведен легално, бидејќи контролите може да се прават само додека летот трае.
Според порталот, случајот отвора прашања за двојни аршини во примената на правилата – потсетувајќи дека во март новинари на „Ројтерс“ и ТВ21 биле повикани во полиција затоа што снимале со дрон за време на протест во Скопје, иако тогашниот министер Панче Тошковски изјави дека „правилата мора да важат за сите“.
Иако Законот за воздухопловство предвидува казни за секој лет без дозвола, институциите засега не најавуваат постапка во случајот со владините снимки, пишува „Призма“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција проценува до 15 милијарди евра економски…
Топлотните бранови што ја погодија Франција во…
Бугарскиот митрополит во Америка пет дена беше…
Бугарскиот митрополит на САД, Канада и Австралија…
Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од…
Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен…
Стојаноски: СДС ги меша инфлацијата со реалниот…
СДС ги меша инфлацијата со реалниот раст…
Аеродромот во Катанија останува затворен поради новата…
Аеродромот во Катанија на Сицилија денеска остана…