Дружба и после служба: Заев и Филипче заедно на зимување на француските Алпи

t

Другарството не смее да трпи, а вистински пример за другарување се екс-премиерот Зоран Заев и екс-министерот за здравство, Венко Филипче чија дружба продолжи и по досегашната служба.

Извори на Инфомакс откриваат дека Заев и Филипче во моментов се на француските Алпи.

На зимување во Франција Филипче и Заев се најверојатно од понеделникот каде ќе го дочекаат и крајот на оваа недела.

Претходно македонската јавност ги гледаше премиерот и министерот за здравство како другаруваат возејќи мотори ширум Македонија.

Кога беше најголемата криза во Македонија поради катастрофалниот број на шумски пожари минатото лето, Заев и Филипче заедно беа на одмор во соседна Грција.

Ваквата постапка на премиерот и министерот ја разгневи македонската јавност која бараше одговорност поради отсуството на државниот врв за време на ваква голема криза.

Пред нешто повеќе од еден месец на 22 декември, Зоран Заев поднесе оставка од позицијата претседател на Владата.

Зоран Заев раководеше со државата во два мандати, а за прв пат седна во премиерската фотелја во мај 2017 година.

Од тогаш имаше жесток мандат проследен со промена на името, воведување на двојазичност, пандемија, тешка економска криза и кулминација на неговиот мандат со пожар во тетовската модуларна болница, најголемите шумски пожари во историјата на Македонија и трагедијата со автобусот на БЕСА Транс во Бугарија.

Филипче го превзема министерството за здравство од Арбен Таравари откако Алијанса се повлече од Владата со Заев во 2018-та година, а неговото министерување го заврши со повеќе од 8 илјади починати лица од коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија губи 6.000 војници месечно повеќе во…

Месечните загуби на Русија во Украина го…

Турција заработи над една милијарда долари од…

Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул…

СДСМ: Македонските медиуми не смеат да бидат…

По предупредувањата на македонските телевизии, по реакциите…

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ и Филипче секоја нова…

Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат…

Сменетиот украински министер ќе биде советник на…

Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров…