Др. Менгеле се подготвувал за бегство! – ги префрлал крвавите милиони во Германија

t

Минатата недела поради опасност од бегство на д-р Жан Митрев му е одземен пасошот. Судот ја прифати мерката за да се обезбеди неговото присуство во текот на истрагата која се води за него.

Жан Митрев беше на распит во обвинителството, по што надлежниот јавен обвинител Гаврил Бубевски нареди истрага против него.

Постои основано сомнение дека сторил кривично дело измама според член 247 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД 19 со методот на хемофилтрација.“

Како што дознава ексклузивно Инфомакс она што ги вклучило алармите во ОЈО за бегство на Митрев е трансферот на 3 милиони евра кој се случил пред 10-тина дена.

Митрев според наши информации парите ги префрлил на сметка во Германија !

До ОЈО од Финансиската полиција е пристигната информација дека се префрлаат пари што упатува на тоа дека Митрев се подготвува за бегство.

Жан Митрев од полицијата неофицијално бил најден од полицијата во гаражата на зградата на Водно каде што живее по што бил спроведен во судот каде што и покрај силни ургенции одземен му е пасошот.

Како што дознава Инфомакс, Митрев деновиве преку трети лица интензивно влијае врз сведоци и им нуди парични средства за промени на искази, еден од нив е спремен и јавно да се обрати до јавноста и да се да сподели со јавноста.

Доколку се докаже делото за кое се сомничи на д-р Жан Митрев му прети затворска казна од 1 до 10 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Левица објави скандал: Техничкиот на Мицкоски…

Трета опција на Фејсбук со објава: Министерот…

Јакимовски на средба со кавадарчани – Земјоделците…

Одлична средба со кавадарчани, храбар и работлив…

(Видео) ПорталХ: Зошто Тошковски „случајно“ беше во…

Зошто Министерот за внатрешни работи беше во…

24 април и 8 мај 2024 година…

Земајќи го во предвид Решението за распишување…

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во кумановско

Тешко повреден мотоциклист од Штип откако се…