Дрcка пpoвокација од бугарски новинар: Македонскиот премиер да ни дојде на „бакни рака“, не Петков да оди кај нив

t

Долгогодишниот дописник на Бугарската национална телевизија (БНТ) од Скопје, Костадин Филипов, го критикува премиерот Кирил Петков за најавата за посета на Македонија на 18 јануари, негово прво официјално патување во странство по преземањето на функцијата.

– Требаше да биде обратно – откако се обидовме да им оставиме добар впечаток, ако сакаме да им направиме некаков аир, некакво добро, не треба ние да одиме кај нив, туку првата работа на нивниот нов премиер треба да биде да дојде кај нас, да бакне рака, така да се каже, на некој од нашите политичари и ако рече дека не може да исполни некои од нештата што ги бараме, да му кажеме да се врати во Македонија, да се обиде да ги исполни и тогаш повторно да дојде кај нас – изјави новинарот за БНТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…

Јотова победи кај Бугарите во Македонија

Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…

Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…

Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…

Јотова ја слави победата на претседателските избори…

Илијана Јотова по изборната победа им се…