ДС: Колапс на државата и катастрофален извештај на ЕУ за Македонија

t

Демократскиот сојуз оценува дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е реален одраз на состојбите во државата и поради тоа што нема напредок во клучните области, владеењето на правото и борбата против корупцијата, Владата треба веднаш да поднесе оставка.

Демократскиот сојуз долго време укажува на загрижувачките состојби со високиот степен на криминализација, партизацијата на државната администрација и лошите состојби во судскиот систем и владеењето на правото, како и на застојот во реформите во сите области, вклучително и на потребата од коренити реформи на изборните правила како основа за промени и демократизација на државата.

Повеќе од 18 месеци ДУИ и СДСМ ја замајуваа јавноста со уставни измени, но ЕУ покажа дека оваа власт не направи ништо за напредок на Македонија кон стандардите на ЕУ, да ја подготви државата за отворање на преговарачките кластери и за воспоставување на фундаментите за владеење на правото.

Со прифакање на барањата на Бугарија во Преговарачката рамка дополнитено ги блокираа евроинтеграциските процеси и ги загрозија нашите национални и стратешки интереси.

Оценките и насоките од ЕУ оваа Влада ниту може ниту сака да ги разбере, уште помалку да направи исчекор напред, поради што бараме оставка од Владата во целина и посебно одговорност од министрите за надворешни работи и за евроинтеграции.

Состојбите се критични и мора да има одговорност и промени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…