ДС на Трајанов: Обвинителстово да ги гони сите убијци и прикривачи на убиството на хрватскиот ракометар

t

Демократскиот сојуз жестоко го осудува бруталното убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот, ги повикува надлежните институции да ги доведат пред лицето на правдата сите негови убијци и да ги расветлат сите мистерии околу овој свиреп настан.

-Демократскиот сојуз е особено загрижен поради ненавремената реакција на надлежните органи и здравствените институции веднаш по убиството, како и поради обидите да се покрие или забошоти овој настан, што му овозможи на еден од убијците доволно време да се даде во бегство.

Го повикуваме обвинителството да отвори истрага за можно прикривање на убиството од страна на поединци во надлежните институции, за неукажување помош на хрватскиот ракометар од лицата кои немо го следеа неговото крвничко претепување, како и против обезбедувањето на дискотеката „Привилиџ“ кое не интервенираше да го спречи крвавиот настан, се вели во соопштението на ДС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…