Дуда: Украина ќе мора да направи отстапки за мир
Полскиот претседател Анджеј Дуда смета дека Украина ќе мора да направи компромис за да стави крај на војната и дека двете страни, Москва и Киев, ќе мора да направат отстапки. Во интервју за Еуроњуз, Дуда нагласи дека никој освен САД не е во состојба да ја запре Русија.
„Денес мојот заклучок е целосно јасен – нема никој, освен САД, кој би можел да го запре Владимир Путин. Затоа верувам дека претседателот Доналд Трамп со својата решителност може да стави крај на оваа војна. Само овој американски притисок може да стави крај на оваа војна и да помогне да се постигне мир кој нема да биде поволен за ниту една страна“, оцени Дуда.
Тој додаде дека Украина ќе мора да направи отстапки за некои прашања за да се постигне траен мир. „Тоа мора да биде компромис. Де факто, овој мир се сведува на фактот дека ниту една страна нема да може да каже дека победила во оваа војна, бидејќи секоја страна ќе мора да попушти до одреден степен. Па, Украина исто така ќе мора да попушти до одреден степен, бидејќи тоа веројатно ќе се случи. До кој степен? Тешко ми е да одговорам во оваа фаза“, рече полскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европската комисија предлага дополнителен заем од 45…
Европската комисија предложи одобрување дополнителен заем од…
Франција потврди присуство на свои војници во…
Француски воени припадници веќе неколку месеци се…
Русија тврди дека погодила товарен брод со…
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…