ДУИ: Ако се чепне Законот за јазиците, ќе има политичка криза
Не може да има стабилност во државата доколку се чепне Законот за јазиците, се закани организацискиот секретар на ДУИ и пратеник, Блерим Беџети, на интервју за Радио Слободна Европа.
Прашан за тоа дали се можни немири, Беџети не одговори конкрено, но иако тврди дека ДУИ не погдготвувале бојкот на локалните избори наесен, сепак најавува дека одлуката на Уставен суд за Законот за јазиците ќе предизвикала политичка криза, во која изборниот процес нема да можел да се одржи. Во интервјто за РСЕ Беџети вели дека надминување на состојбата гледа во предвремени парламентарни избори и во повлекување на иницијативата за Законот за употреба на јазиците.
– Секако дека ќе дојде до политичка криза ако се чепне во Законот за јазиците. Загриженоста околу ова многу сензитивно прашање е на највисоко ниво. Нормално, ние сме избрани од Албанците и од граѓаните и ние сме свесни каква ќе биде реакцијата, и затоа е кажан тој став дека тешко дека ќе има локални избори, затоа што се нарушува етничката стабилност, и те како се нарушува. Меѓу 13-те политички субјекти, што иницирале такви иницијативи пред Уставниот суд, е и ВМРО-ДПМНЕ и да очекувате дека тие што го имаат легитимитетот ќе ѝ ускратат права на втората етничка заедница… Мислам дека тоа е јасно… кон што води – изјави Беџети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…