ДУИ бара Македонија да ослободи косовски државјанин баран со потерница преку Интерпол
Демократската Унија за Интеграција во соопштение изразува длабока загриженост и најостро го осудува апсењето на граѓанинот на Република Косово Емин Бајрами, кое се случило вчера на граничниот премин Блаце – Елез Хан, врз основа на потерница издадена од Србија преку Интерпол.
Ова е уште еден неприфатлив случај на имплементација на налози за апсење измислени од Србија од страна на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, кои продолжуваат да работат без никаква верификација загрозувајќи ги правата и слободите на косовските граѓани. Уште позагрижувачки е прикривањето на овoј случај од јавноста повеќе од 10 часа, акција која само ги зголемува сомнежите за вистинските намери на овие мерки. ДУИ беше и останува цврсто на својот став дека налозите за апсење издадени од Србија преку Интерпол не треба слепо да се спроведуваат. Бараме итно и безусловно ослободување на Бајрами и ја повикуваме Владата на Северна Македонија итно да ја преиспита практиката на извршување на српските потерници. Не можеме да дозволиме нашата држава да стане алатка на политиките на Белград, на штета на Албанците, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…
ДУИ: Касами го заборава албанското знаме
ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ДУИ бара одговор зошто нема ниту еден…
ДУИ реагира дека етничките Албанци во државата…